четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мечка нападнала и повредила жена од Синичане

Мечка нападнала и повредила жена од Синичане

180

Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње e повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската Kлиничка болница.

Станува збор за 41-годишна жена која се движела по шумски пат во место викано „Голем рид“.

– На 1.07.2025 околу 18 часот во СВР Тетово од Клиничката болница е пријавено дека кај нив била донесена Е.Х.(41) од селото Синичане, која според пријавеното, се здобила со повреди околу 16.30 часот, кога на шумски пат на место викано „Голем рид“ во Синичане била нападната од мечка – соопшти СВР Тетово.

 

ИЗДВОЕНИ