сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Маж убиен во автомобил со автоматска пушка

Маж убиен во автомобил со автоматска пушка

1907

Убиство во Тетово ги вознемири жителите на Блок 82 што се случи попладнево, пренесоа локалните медиуми. Убиен е маж во син автомобил марка Голф, а убиецот пукал со автоматско оружје. Полицијата врши увид на местото на убиството, а има информации дека куршум погодил и случаен минувач. Првичните мотиви го поврзуваат убиството со одмазда и нерасчистени односи. Зад полициската лента увидот го следат многу жители од околината, а телото на убиениот е сеуште во автомобилот.

ИЗДВОЕНИ