четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Масовни полициски претреси во Чашка: Се бараат лица со нелегално оружје

Масовни полициски претреси во Чашка: Се бараат лица со нелегално оружје

102
Полицијата спроведува масовни претреси на повеќе локации во Општина Чашка во потрага по нелегално оружје и муниција.

Акцијата е започната рано утрово од страна на инспекторите од Криминалистичката полиција при СВР Велес, кои постапуваат врз основа на оперативни сознанија за лица кои можат да поседуваат оружје без дозвола.

Иако засега не се објавени официјални информации за евентуално пронајдено оружје или експлозивни средства, акцијата продолжува, а полицијата ги засилила безбедносните мерки во областа. Местото е под строга контрола, а додатни детали се очекуваат во текот на денот.

ИЗДВОЕНИ