Ноќеска, во самиот центар на Скопје дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која учествувала поголема група млади лица.
Инцидентот се случил околу три часот по полноќ. Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје веднаш реагирале и на местото на настанот привеле вкупно 14 лица, сите од Скопје.
Меѓу уапсените се осум полнолетни лица: М.Е. (19), Г.С. (19), И.Р. (20), А.М. (20), Л.Ѓ. (19), А.А. (19), В.Г. (19) и Ж.А. (20), како и шестмина 17-годишни малолетници.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање и расчистување на случајот, против сите учесници во инцидентот ќе бидат поднесени соодветни пријави.












