сабота, јуни 27, 2026
Дома СВЕТ Масовна тепачка на базен во Шпанија: Маж му го скрши носот на...

Масовна тепачка на базен во Шпанија: Маж му го скрши носот на 13-годишнo девојче зошто седнало на неговата лежалка/ВИДЕО

3
Foto: Printscreen/X

На 13-годишно девојче од Велика Британија му бил скршен носот откако маж го удрил во лицето за време на масовна тепачка што избувнала во средата во хотелот „Санта Сузана“ во Каталонија, на околу 65 километри од Барселона.

Инцидентот, кој настанал поради лежалка покрај базенот, предизвикал паника меѓу десетици туристи, а објавена е и снимка од хаосот, пишува The Sun.

На снимката се гледа како група капачи прво се туркаат, по што избувнува тепачка во која еден маж неколку пати удира жена во зелено бикини. Конфликтот наводно настанал откако 13-годишното девојче седнало на лежалка, не знаејќи дека таа му припаѓа на член на локално семејство. Сведоци тврдат дека мажот веднаш физички ја нападнал тинејџерката.

Девојчето било пренесено во болница со лице прекриено со крв. Се верува дека на напаѓачот му се придружиле неговите пријатели, додека други британски туристи се обиделе да го заштитат девојчето.

Очевидци изјавиле дека сцените наликувале на „терористички напад“.

„Еден насилник удри во лицето невино 13-годишно девојче откако таа седна на празна лежалка. Таа немаше поим дека таа веќе ја користело друго семејство“, изјавил извор за „Сан“.

„Не кажа ни збор, туку веднаш нападна. Беше неверојатно, апсолутно одвратно. Како може возрасен маж така да се однесува кон некого, а камоли кон дете“ вели сведокот.

„За неколку секунди, настана општ хаос, а пријателите на шпанскиот насилник исто така интервенираа и почнаа да удираат. Во тој момент слушнав човек како вика: „Тргни се од мојата лежалка!““, додаде сведокот.

На местото на настанот беа повикани полиција и брза помош.

ИЗДВОЕНИ