петок, ноември 6, 2026
Дома СВЕТ Истрага по двете несреќи во Шпанија: Каде завршија 111-те милиони евра наменети...

Истрага по двете несреќи во Шпанија: Каде завршија 111-те милиони евра наменети за безбедност на железницата?

0
EPA/ISMAEL HERRERO

Европското јавно обвинителство (EPPO) започна истрага за можна злоупотреба на средства од Европската унија, наменети за реновирање и модернизација на брзата железничка линија Мадрид–Севиља – траса на која, во несреќа што се случи на 28 октомври, животот го загубија 69 лица.

Истрагата е покрената по железничка несреќа во близина на градот Урда, во шпанската провинција Толедо. Таа се однесува на можна злоупотреба на европски средства доделени за унапредување на системите за безбедност, сигнализација и комуникација на оваа линија, пренесува „Еуроњуз“.

Од EPPO наведуваат дека истрагата е започната по сопствена иницијатива, а во моментов се спроведуваат истражни дејствија во седиштата на шпанскиот управувач со железничката инфраструктура (ADIF), Државната агенција за безбедност на железниците (AESF) и Сметководствениот суд.

Истрагата се спроведува со поддршка на Централната оперативна единица на шпанската Граѓанска гарда, а надлежните органи веќе започнаа со прибирање докази.

Според EPPO, ова е втора истрага поврзана со истата железничка линија; слична постапка беше покрената во март оваа година, по несреќата што се случи во јануари, во која загинаа 46 лица.

Во 2024 година, Европската унија издвои 111 милиони евра од Европскиот фонд за регионален развој за реновирање на железничката инфраструктура долж оваа делница.

Европското јавно обвинителство е независно тело на ЕУ, надлежно за истражување и гонење на кривични дела што ги загрозуваат финансиските интереси на Унијата. По двете железнички несреќи во кои вкупно загинаа повеќе од 100 луѓе, шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте, поднесе оставка.

ИЗДВОЕНИ