четврток, ноември 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Малолетен домец сексуално злоупотребуван од возрасни во стан во Скопје

Малолетен домец сексуално злоупотребуван од возрасни во стан во Скопје

МВР го истражува случајот

0

Полицијата, во дневниот билтен, објави грозоморен случај за дете малолетник кое е под заштита на државата како штитеник на Јавна установа за згрижување деца. Станува збор за пријава од старател дека детето било однесено во стан каде што имало повеќе возрасни лица.

– На 25.11.2026 во 14:10 часот во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување деца, е пријавено дека малолетник, кој претходно се оддалечил од установата, според пријавеното, во стан имал полови односи со возрасни лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во билтенот.

Од Центарот за социјални грижи во Скопје ја известиле полицијата која треба да го истражи случајот. Од СВР Скопје велат дека случајот се истражува за да се утврдат сите околности на настанот и посочените локации од сведочењето на малолетникот.

ИЗДВОЕНИ