Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник изјави дека Париз ќе соработува со Оман за евентуално намалување на тензиите на Блискиот Исток.
„Работиме заедно за намалување на тензиите на Блискиот Исток“, напиша Макрон на социјалната мрежа „Икс“.
Неговата порака дојде откако го угости оманскиот султан Хајтам бин Тарик во Париз.
„Одлучивме да соработуваме со нашите партнери за отстранување на мините во теснецот со цел да се обезбедат поморските патишта и да се овозможи слободна и безусловна пловидба низ Ормутскиот теснец“, рече Макрон, пренесува „Анадолу“.
Тој повтори дека Оман и Франција дополнително ќе го зајакнат своето партнерство преку историски договори во економската, научната, културната и индустриската област.












