Краткометражниот анимиран филм „Неми филмови“ на режисерот Крсте Господиновски ги освои наградата од публиката на фестивалот MONSTRA во Лисабон и признанието за најдобар филм на ReAnimacija во Никшиќ, Црна Гора.
Како што соопштува режисерот, паралелно со европските успеси, „Неми филмови“ го оствари и своето јужно и северноамериканско премиерно прикажување овој месец, а веќе следниот месец се очекува и австралиската премиера на Melbourne International Animation Festival.
Во наредните недели, „Неми филмови“ ќе биде дел од програмите на три фестивали во САД.
Воедно, се очекува и чешката премиера на филмот во мај, на фестивалот „Анифилм“, кој важи за Оскар-квалификувачки фестивал.
Од својата меѓународна премиера, „Неми филмови“ досега учествуваше на повеќе од 40 меѓународни фестивали, освојувајќи 10 награди.












