Македонската одбојкарска репрезентација доживеа уште еден тежок пораз на Европското првенство во Бугарија, овој пат од Португалија со 3:0 (25:13, 25:20, 25:20) и со тоа ги загуби шансите за пласман во осминафиналето.

Кај Македонија Илиев и Љафтов постигнаа по осум поени, додека капитенот Никола Ѓоргиев го заврши мечот со шест поени. Најефикасен кај Португалија беше Фереира со 17 поени.

За Македонија остана уште последниот натпревар против Израел, со кој ќе го завршиме четвртиот настап на Европските првенства.

ИЗДВОЕНИ