Македонската ракометна репрезентација се пласираше на Светското првенство 2027 во Германија, откако денеска во Скопје ја победи Словачка со 38-23.

Македонија од самиот почеток доминираше, водеше со седум гола разлика уште во првите минути и ја контролираше играта до крајот.

Најефикасен беше Филип Кузмановски со 11 голови, следен од Велковски со шест и Лазаревски со пет.

Ова ќе биде десетто учество на Македонија на Светско првенство и осмо по ред.













