Следните денови во Македонија ќе имаме огромна разлика помеѓу утринските минимални и дневните максимални температури на воздухот. Разликата на утринските и на дневните температури ќе бидат дури за 15 до 20 степени разлика, што е премногу и особено може негативно да влијае врз метеопатите. Растат и шансите за повеќе настинки во следните денови, токму поради ова граѓаните да бидат внимателни и да се заштитуваат.
Во следните денови утрата ќе бидат речиси зимски со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалотнод -1 до 10 степени, а преку денот тие е се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 5 и 6 степени, а преку денот таа ќе се искачува до околу 25 степени.
Инаку останува влијанието на Антициклонот (полето со висок воздушен притисок) над Македонија, па така времето останува да биде стабилно, суво и сончево со повремено мала до умерена локална облачност. До сабота (3 октомври) ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец а од недела (4 октомври) ветерот ќе биде послаб и претежно од јужен правец.












