среда, ноември 25, 2026
Дома МАГАЗИН Тереза хоспитализирана поради кардиолошки проблеми – одложени се најавените концерти

Тереза хоспитализирана поради кардиолошки проблеми – одложени се најавените концерти

117
Foto: Printscreen

Легендарната хрватска пејачка Тереза ​​Кесовија е хоспитализирана поради срцеви проблеми, а нејзините концерти закажани за 3 и 4 октомври се одложени.

Весникот „Слободна Далмација“ од Сплит пренесува дека, иако Тереза не е во животно загрозувачка состојба, лекарите одлучиле таа сепак, да остане во болница додека нејзината состојба не се стабилизира.

„Таа не е во животно загрозувачка ситуација, но потребно е да се стабилизира. Не заврши во болница само од претпазливост, туку се појавија срцеви проблеми, па е задржана таму заради стабилизација. Да не се појавеше срцевиот проблем, Тереза ​​немаше да биде хоспитализирана“, изјавил за „Слободна Далмација“ извор близок до популарната пејачка.

Веста за одложувањето на концертите претходно беше објавена на веб-страницата на концертната сала „Ватрослав Лисински“, со образложение дека настапите се одложени од здравствени причини. Исто така, беше наведено дека информациите за новите термини за настапите на Тереза, ќе бидат објавени дополнително.

Инаку, Тереза своите последни солистички концерти ги имаше во Скопје во далечната 2011-та година во преполна “Универзална сала“, кога специјалните гостинки ѝ беа: Калиопи и Есма Реџепова. Некоја година потоа, пак пееше во Скопје, но на прославата 45-години од постоењето на таа истата “Универзална“. Како и на концертот на браќата Тавитијан, пеејќи ја македонската народна песна “Ајде, слушај, слушај калеш бре, Анѓо“. Во меѓувреме на двапати беше ексклузивна гостинка во гледаните Тв-шоу-емисии кај познатиот водител Драган Вучиќ. Нејзиниот долгогодишен менаџер беше токму нашиот Џаро.

ИЗДВОЕНИ