четврток, септември 24, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Македонија должи 4,76 милијарди евра кон странство

Македонија должи 4,76 милијарди евра кон странство

9

Нето надворешниот долг на Македонија на крајот од вториот квартал од 2026 година достигнал 4,763 милијарди евра, што претставува 25,9 отсто од проектираниот бруто домашен производ (БДП), покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Заклучно со 30 јуни 2026 година, нето надворешниот долг бележи квартално зголемување од 30 милиони евра, односно 0,6 отсто. Од Народната банка посочуваат дека растот е резултат на поизразеното зголемување на бруто-долгот во однос на растот на бруто-побарувањата.

Во структурата на долгот, приватниот нето-долг и понатаму има најголемо учество, со 58,2 отсто од вкупниот нето надворешен долг.

Во тој период е забележано и продлабочување на негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП). Во вториот квартал, таа се зголемила за 134 милиони евра и на крајот од јуни изнесувала 8,986 милијарди евра, што е 48,9 отсто од проектираниот БДП за 2026 година.

Така, во однос на претходниот квартал, нето надворешниот долг е зголемен за 30 милиони евра, додека негативната нето меѓународна инвестициска позиција е зголемена за 134 милиони евра.

ИЗДВОЕНИ