Австралискиот ММА-борец со македонско потекло, Александар Волкановски, повторно ја одбрани светската титула во перолесна категорија на УФЦ. На настанот УФЦ 333 во Абу Даби, Волкановски го совлада дотогаш непоразениот Мовсар Евлоев со технички нокаут во втората рунда.

Со овој триумф, шампионот уште еднаш потврди дека е меѓу најголемите имиња во светот на ММА-спортот. Неговата победа беше одбележана и на официјалниот профил на УФЦ на Инстаграм, со пораката: „Легендата продолжува“.

Волкановски има македонски корени од битолскиот крај, а неговиот татко е роден во селото Беранци, од каде што семејството се преселило во Австралија.

Шампионот е роден во Волонгонг, во Нов Јужен Велс, додека неговата мајка има грчко потекло.

Неговиот нов успех претставува причина за гордост и за македонските љубители на боречките спортови.

ИЗДВОЕНИ