вторник, септември 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Македон примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“

Македон примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“

1

На само 12 години, математичкиот гениј Македон Димитровски е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд. Ова го објави неговиот татко на социјалните мрежи.

Тој наведе дека програмата е наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.

По тестирањето, Македон го добил престижното признание „Гранд Хонорс / СЕТ“, за исклучителни резултати по математика и вербални способности.

– SET = Study of Exceptional Talent – програма/признание на „Џонс Хопкинс“ за ученици што постигнуваат исклучително високи резултати на тестирањата, значително над очекуваното за нивната возраст. На само 11 години, постигна и 1.440 поени на САТ-тестот – 740 по математика и 700 по читање и пишување. Зад сите овие бројки и признанија стои едно нешто: огромна љубов кон знаењето – напиша таткото на Македон, нагласувајќи дека со повеќе од 20 златни медали од меѓународните математички натпревари, Македон продолжува да учи, да сонува и да ги поместува своите граници.

– Како родители, не можеме да бидеме погорди. Македон, продолжи да веруваш во себе! Ова е само почеток – порача неговиот татко.

 

ИЗДВОЕНИ