Мај е, а студ како во зима! Утре врнежи од дожд, на повисоките планини повремен снег

1652

Управата за хидрометеоролошки рабори соопшти дека утре ќе има пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег.

Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота наместа засилен северен ветер, над 60 километри на час, особено вдолж Повардарието.

Дневните температури значително ќе опаднат.

Во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд и пораст на дневните температури кои и во следните денови ќе имаат тенденција на натамошен пораст

ИЗДВОЕНИ