EPA/ROBERT HEGEDUS HUNGARY OUT

Лидерот на партијата Тиса која победи на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, изјави дека запрениот проток на руска нафта преку нафтоводот Дружба може да се обнови следната недела.
Според него, нафтената компанија МОЛ изјавила дека „врз основа на информации од своите партнери, очекуваат нафтоводот Дружба повторно да почне со работа следната недела“, пренесува Ројтерс.

Поради спорот околу нафтоводот Дружба, поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан го блокираше одобрувањето на заемот од ЕУ за Украина за 2026-2027 година, од 90 милиони евра, како и 20-тиот пакет антируски санкции.
Протокот на руска нафта преку нафтоводот Дружба до Унгарија и Словачка е суспендиран од крајот на јануари.

Киев соопшти дека Русија ја погодила опремата на цевководот во западна Украина, додека Словачка и Унгарија тврдат дека Украина е виновна за продолженото прекинување на снабдувањето.

ИЗДВОЕНИ