петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Маѓар прво го покани Нетанјаху во посета, а потоа му се закани...

Маѓар прво го покани Нетанјаху во посета, а потоа му се закани со апсење

136
EPA/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Унгарскиот премиер Петер Маѓар вчера изјави дека неговата земја повторно ќе се приклучи на Меѓународниот кривичен суд (МКС) и ќе биде подготвена да спроведе налози за апсење, вклучително и за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Националистот Виктор Орбан, кој беше на власт 16 години, минатата година го објави повлекувањето на Унгарија од МКС откако го прими Нетанјаху во Будимпешта. Повлекувањето требаше да стапи на сила на 2 јуни оваа година.

Веднаш по победата на парламентарните избори на 12 април, Петер Маѓар ја објави својата намера да ја врати Унгарија во МКС. Во исто време, израелските медиуми објавија за неговиот телефонски разговор со израелскиот премиер во кој Маѓар го покани Нетанјаху во Будимпешта на 23 октомври за 70-годишнината од востанието против Советите во 1956 година.

На новинарско прашање за контрадикторноста, Маѓар појасни дека упатил покана до сите лидери со кои разговарал по телефон.

– Ако една земја е членка на Меѓународниот кривичен суд и барано лице влезе на нејзина територија, тогаш тоа лице треба да биде уапсено, додаде идниот проевропски конзервативен лидер на прес-конференција по првиот состанок на неговата парламентарна група.

– Не морам сè да кажувам преку телефон. Претпоставувам дека секој шеф на држава и влада ги знае овие закони, додаде Маѓар.

Меѓународниот кривичен суд, со седиште во Хаг, издаде налог за апсење на Бенјамин Нетанјаху во 2024 година за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

Маѓар посочи дека неговиот тим ја проучува постапката за прекинување на процесот на повлекување на Унгарија од Меѓународниот кривичен суд пред 2 јуни.

ИЗДВОЕНИ