Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска изјави дека неговата влада ќе го измени законот со кој практично им се забранува на истополовите парови да посвојуваат деца.
Истополовите двојки во Унгарија можеа да посвојуваат деца сè до 2020 година.
Во тоа време беше донесен закон со кој се бараше таквите барања да бидат одобрени од министерот за семејни прашања, пренесува „Ројтерс“.
„Ќе го промениме тој систем. Одлуките во таквите случаи не треба да ги носи политичар, туку професионалци способни да ги утврдат условите под кои детето може да води живот што ќе му овозможи да стане среќен член на општеството“, рече Маѓар.












