четврток, јуни 11, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА МАЕ: Снабдувањето со течен природен гас е ограничено до 2027 година

МАЕ: Снабдувањето со течен природен гас е ограничено до 2027 година

63

Снабдувањето со течен природен гас (LNG) веројатно ќе остане ограничено до крајот на 2027 година поради прекини и штети во инфраструктурата предизвикани од војната меѓу САД и Израел против Иран, соопшти Меѓународната агенција за енергетика.

„Комбинираниот ефект од краткорочните загуби во снабдувањето и побавниот раст на капацитетите би можел да резултира со кумулативна загуба од околу 120 милијарди кубни метри LNG помеѓу 2026 и 2030 година“, се вели во новиот извештај на агенцијата.

Иако се очекува новите проекти за втечнување на гас во други региони да ги надоместат овие загуби со текот на времето, додадоа тие, нивното влијание ќе ги продолжи тесните пазарни услови до 2026 и 2027 година, објави „Ал Џезира“, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ