Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денес повика на максимална воена воздржаност за да се избегне ризикот од нуклеарна несреќа.
Тој ги даде забелешките по нападот врз нуклеарниот објект Бушер во јужен Иран.
Обезбедувач во нуклеарниот објект беше убиен во нападот на САД и Израел врз областа Бушер.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, предупреди дека понатамошните напади врз локацијата би можеле да доведат до зрачење, загрозувајќи ги животите на луѓето во Заливот.
Гроси изјави на социјалната мрежа „Икс“ дека не е пријавено зголемување на нивото на зрачење, но повика на максимална воена воздржаност.
Соединетите Американски Држави и Израел започнаа воздушни напади врз Иран на 28 февруари, пренесе „Бета“.












