
Карло Анчелоти ќе остане до крајот на сезоната на клупата на Реал (М), но по нешто полошата сезона, Флорентино Перез, одлучи дека е време за тренерска смена.
Наместо Анчелоти, на клупата на Реал (М) пристигнува Чаби Алонсо кој одлично си ја врши работата во Баер од Леверкузен. Шпанецот веќе договорил се со Реал, а на крајот од сезоната и официјално ќе биде претставен како наследник на Италијанецот.
Сезоната во Германија завршува за две недели, но се чини дека Алонсо веќе почна да се подготвува за она што го чека во Мадрид.
Извесно е дека од Перез ќе биде побарано да донесе неколку засилувања и наводно веќе има неколку играчи на списокот со желби.
Иако најмногу се шпекулира дека сака да го доведе Флоријан Вирц од Леверкузен, се чини дека има уште еден играч со кој моментално раководи, а кој Перез повеќе сака да го купи за време на летниот преоден рок.
Германските медиуми пренесуваат дека станува збор за дефанзивецот Пјеро Хинкапи, кој игра брилијантно за Леверкузен. Алонсо смета дека 23-годишниот фудбалер би бил одлично дефанзивно засилување и дека неговиот трансфер не би бил скап.
Хинкапи неодамна го продолжи договорот до летото 2029 година, но веќе на големо се зборува за тоа дека со Алонсо би бил пресреќен ако дојде во Мадрид и дека тоа би бил најголемиот можен исчекор во неговата кариера.
Исто така, она што е посебен плус за овој играч е тоа што покрај стоперската позиција може да игра и како лев бек, што во овој момент навистина му е потребно на Реал (М).
Алонсо не е толку упорен за трансферот на Вирц, но веднаш му стави до знаење на Перез дека не смеат да ја пропуштат можноста за Хинкапи додека неговата цена се уште не е зголемена.
Трансферот на овој играч би можел да изнесува околу 50 милиони евра, а тој пред четири години дојде во Леверкузен од аргентинскиот Талерс за нешто повеќе од шест милиони евра.
Еквадорецот оваа сезона одигра 43 натпревари за Леверкузен, постигна три гола и додаде две асистенции.