Никола Јокиќ ќе продолжи да го носи дресот на Денвер нагетс, но новиот договор нема да го потпише ова лето. Српскиот центар, според американските медиуми, ќе почека до следното лето за да стави потпис на најголемиот договор во историјата на НБА.

Причината е финансиска: со чекањето, тој би можел да заработи околу 80 милиони долари повеќе во споредба со договорот што би можел да го потпише сега. Според новинарот Кевин О’Конор, се очекува Јокиќ следното лето да потпише петгодишен договор, вреден неверојатни 360 милиони долари.

  • Се очекува Јокиќ следното лето да потпише нов петгодишен договор, вреден 360 милиони долари. Тоа ќе биде најголемиот договор во историјата на НБА – објави О’Конор.

Така, се чини дека иднината на Јокиќ е јасна: тој останува во Денвер и следното лето би требало да стане сопственик на рекордниот договор во НБА.

ИЗДВОЕНИ