Тарик Биберовиќ направи голем чекор кон НБА, дури плати 1,1 милион долари од својот џеб за да го раскине договорот со Фенербахче и за да замине во Далас маверикс. Сепак, сега постои можност никогаш да не дебитира во најсилната лига во светот.

Далас сака по секоја цена да го задржи искусниот Двајт Пауел, кој потпиша едногодишен договор, вреден 3,88 милиони долари. Едно од можните решенија е Маверикс да се раздели со Биберовиќ и да ја „ослободи“ неговата плата.

  • Маверикс ќе направи сè што е потребно за да го задржи Пауел. Во моментов е многу тешко. Далас би можел да ги искористи Тарик Биберовиќ, Маркус Сасер и Муса Сисе за да го оствари тоа – објави новинарот Марк Стајн.

Биберовиќ има гарантиран двегодишен договор со Далас, вреден 6 милиони долари, па финансиски сигурно ќе ја добие сумата без оглед на тоа како ќе се развива ситуацијата. Сепак, неговиот сон за НБА-деби сега е ставен под прашалник.

ИЗДВОЕНИ