четврток, јули 23, 2026
Дома СПОРТ Лука Модриќ го продолжи договорот со Милан

Лука Модриќ го продолжи договорот со Милан

28
EPA/WILL OLIVER

Фудбалскиот клуб Милан денес објави дека хрватскиот играч за врска Лука Модриќ го продолжил договорот до 30 јуни 2027 година.

Така, еден од најдобрите фудбалери на својата генерација ќе ја продолжи кариерата во дресот на „росонерите“, откако минатата сезона одигра 37 натпревари и постигна два гола за тимот.
Во соопштението од Милан се наведува дека, од доаѓањето во клубот, Модриќ е клучен играч од средниот ред, кој носи искуство, квалитет и лидерски способности, како на теренот, така и надвор од него.

„Една од најголемите и најпрепознатливите фигури во светскиот фудбал ќе го продолжи својот пат во дресот на Милан, со цел да постигне нови големи успеси“, објави италијанскиот клуб.

Модриќ и следната сезона ќе го носи дресот со број 14.

ИЗДВОЕНИ