Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, упати апел до раководството на спортот, ФИА и до сите тимови да преземат конкретни чекори за обезбедување еднакви можности и поголема инклузија.

Повод за неговата реакција е новиот извештај на неговата фондација „Мисија 44“, кој покажува дека и покрај одреден напредок, Формула 1 сè уште не е доволно достапна за младите од недоволно застапените општествени групи.

  • Формула 1 инспирира милиони млади луѓе во светот, но инспирацијата не значи ништо без можности. Не можеме да им велиме на младите да сонуваат големи соништа, а потоа да не им ги отвориме вратите – порача Хамилтон.

Неговата фондација предлага инвестиција од 50 милиони фунти во следните пет години, со цел да им се овозможи на младите полесен пристап до образование и вработување во моторспортот.

Хамилтон признава дека се направени одредени позитивни промени, но нагласува дека работата е далеку од завршена и дека Формула 1 мора побрзо да дејствува доколку сака да ги привлече и задржи најдобрите таленти, без разлика на нивното потекло.

ИЗДВОЕНИ