Германската авиокомпанија „Луфтханза“ во текто на летото ќе откаже 20.000 летови на кратки релации, поради тоа што се поскапото авиогориво направи многу дестинации да станат непрофитабилни.
Неколку авиокомпании, вклучувајќи ги ги „КЛМ“ и „Делта“, исто така привремено откажаа некои летови, додека други ги зголемите цените на авиокартите и зголемените трошоци ги префрлија на патиниците, пренесува „Би-би-си“.
Аналитичарите предупредуваат дека патниците треба да очекуваат понатамошен раст на картите и повеќе откажани летови ако продолжи судирот.
„Луфтханза“ во вторникот соопшти дека ќе заштеди околу 40.000 метрички тони гориво со намалувањето на бројот на летови, од кои повеќето ќе дојдат од затворањето на нејзината услуга „Ситилајн“ (CityLine).
Компанијата изјави дека ова значи дека привремено ќе ги прекине летовите до и од Херингсдорф, Корк, Гдањск, Љубљана, Риека, Сибиу, Штутгарт, Трондхајм, Тиват и Вроцлав.












