понеделник, јуни 8, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Втората рунда мировни преговори со Иран би можела да започне во...

Трамп: Втората рунда мировни преговори со Иран би можела да започне во петок

137
Фото:википедија

Претрседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека е „можно“ втората рунда мировни преговори со Иран да започне до петок, објави „Њујорк пост“.

Весникот наведува дека пакистанските власти им рекле дека разговорите би можеле да бидат можни во следните „36 до 72 часа“, а кога „Њујорк пост“ го прашал Трамп за потврда, тој одговорил во СМС-порака: „Можно е“.

Во вторникот, Трамп објави дека ќе го продолжи прекинот на огнот со Иран, кој истекува вечерва, со цел да им даде повеќе време на нивните лидери да излезат со „договорен предлог“ за завршување на војната, објавува „Би-Би-Си“.

ИЗДВОЕНИ