петок, јуни 19, 2026
Дома БАЛКАН „Летувам во Грција 40 години, ваков хаос не паметам“: На Евзони врие,...

„Летувам во Грција 40 години, ваков хаос не паметам“: На Евзони врие, системот паѓа, а најлошото допрва доаѓа

2

Туристи од Србија, Македонија и Црна Гора изминатиот викенд со часови чекаа на граничниот премин Евзони кон Грција, а колоните возила се протегале со километри уште од раните утрински часови.

Причина за метежот е новиот европски Систем за влез и излез (EES), кој од април целосно се применува на граничните премини. Наместо досегашните околу 30 секунди, обработката на еден патник сега трае и до три минути поради биометриската регистрација, фотографирањето и земањето отпечатоци од прсти.

„Доаѓам во Грција 40 години и вакова хаос не паметам“, изјавила Бојана од Србија за грчкиот весник „Катимерини“, додека на границата чекала повеќе од два часа.

Дополнителен проблем се честите технички дефекти и падови на системот, поради што властите повремено се враќаат на старото печатирање на пасошите за да ги намалат колоните.

Претставници на грчката полиција предупредуваат дека инфраструктурата на Евзони не е подготвена за новиот систем и дека слични гужви се очекуваат во текот на целото лето, пренесе Блиц.рс.

ИЗДВОЕНИ