петок, јуни 12, 2026
Дома СКОПСКА Летото ќе се уредат сите училишта во Аеродром  

Летото ќе се уредат сите училишта во Аеродром  

13

Општина Аеродром информира дека уште пред крајот на оваа учебна година се започнати активности за уредување и подобрување на условите во основните училишта на нивната територија, затоа што, како што велат, грижата за учениците и нивното образование останува еден од нивните приоритети.

Инаку, во тек е уредување на дел од фасадата и поставување хидроизолација во ООУ „Александар Македонски“, со што дополнително се заштитува училишната зграда и се подобруваат условите за учениците и за наставниците.

– Паралелно, во ООУ „Љубен Лапе“ се реконструираат спортските соблекувални, со замена на вратите, подот и други елементи, за поквалитетен и пофункционален простор – соопштија од локалната самоуправа, нагласувајќи дека летниот распуст ќе го искористат за инвестиции и уредување на сите основни училишта во Аеродром, со цел учениците новата учебна година да ја започнат во уште подобри услови.

 

ИЗДВОЕНИ