Промената на чело на ОН е шанса за воспоставување на ред во светската организација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Оваа година ќе се одржат избори за нов генерален секретар. Промената отвора реална можност за воспоставување ред во светската организација.
Или – не реална можност, туку одредена шанса. Ние одлично разбираме каква е реалноста“, рече Лавров на министерскиот состанок на БРИКС во Индија.
Лавров, исто така, рече дека не е испочитуван криериумот на праведна географска застапеност во ОН, пренесува „Спутник“. Како што додаде, Русија цврсто се залага за поширока застапеност на државите во Советот за безбедност на ОН и го поддржува тежнеењето на Бразил и Индија да се придружат на групата постојани членки.












