среда, септември 23, 2026
Дома СВЕТ Лавров: Нема да ја прекинеме специјалната воена операција

Лавров: Нема да ја прекинеме специјалната воена операција

1

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека Русија е подготвена за преговори за постигнување долгорочен, одржлив и праведен мир во Украина, но нема да ја прекине специјалната воена операција додека траат преговорите.

„Поучени од горкото искуство, нема да ја паузираме специјалната воена операција за време на преговорите во ниту еден формат“, рече Лавров, пренесува ТАСС.

„Иако токму тоа е она што го сака Европа, единствената цел е да се добие предив и да се обнови исцрпениот воен арсенал на киевскиот режим, кој од очај прибегна кон отворено терористички методи“, додаде тој.

Тој потсети на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп од август 2025 година, по средбата во Енкориџ, дека е потребно да се работи на долгорочен мировен договор, а не само на прекин на огнот.

„Како што рече Трамп во август 2025 година, по средбата во Енкориџ, сите се согласуваат дека не треба да се стреми кон некаков договор за прекин на огнот, туку кон долгорочен мировен договор меѓу Русија и Украина, кој сигурно ќе ја заврши војната“, изјави Лавров.

Според неговите зборови, Украина можела да остане во своите граници од 1991 година „доколку Европејците не се бавеа со измами“.

Лавров изјави дека европските земји не успеале да го потиснат „вечниот инстинкт да лажат“ и дека се обидувале да ги остварат своите цели со „криминални методи“.

Тој истакна дека повторното погребување на соработниците на Хитлер во Киев станало апотеоза на нацификацијата на Украина и изрази жалење што поранешните сојузници на Русија во борбата против хитлеровиот нацизам ги затвораат очите пред „ваквите лудории на Володимир Зеленски“.

„Апотеоза на нацификацијата на Украина беше неодамнешното поклонување на Зеленски пред посмртните останки на соработниците на Хитлер, кои со кралски почести беа пренесени од Европа за повторно погребување во Киев, а тажно е што нашите поранешни сојузници во борбата против хитлеровиот нацизам ги затвораат очите пред ваквите лудории“, рече Лавров.

ИЗДВОЕНИ