
Најголемата ѕвезда во дресот на италијанскиот калчо гигант Интер, Лаутаро Мартинез, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека е среќен во Милано, но имал сон кој сака да го реализира до крајот на својата богата фудбалска кариера. Искусниот напаѓач потврди дека има уште три години од актуелниот договор со „нероазурите“ и додаде дека сонува како повторно го облекува дресот на неговиот поранешен клуб Расинг.











