вторник, октомври 6, 2026
Дома БАЛКАН Крвав инцидент во Хрватска: 24-годишниот внук ја убил својата 73-годишна баба во...

Крвав инцидент во Хрватска: 24-годишниот внук ја убил својата 73-годишна баба во нејзиниот дом – ќе одговара за тешко убиство на блиска личност

0

Задарската полиција го доврши криминалистичото истражување над 24-годишникот осомничен дека вчера, во задарската населба Станови, со остар предмет убил 73-годишна членка на семејството, својата баба.

Како што денеска објави полицијата, 24-годишникот околу 13 часот и 50 минути дошол во станот на 73-годишната жена и ја усмртил со остар предмет.

По доаѓањето на местото на злочинот, полицијата го привела 24-годишникот.

Во соработка со Жупаниското државно  обвинителство е извршен увид и други доказни дејствија, а телото на убиената жена потоа е пренесено во Оддделот за патологија заради обдукција.

Полицијата го третира случајот како тешко убиство на блиска личност.

По довршеното криминалистичко истражување, осомничениот е предаден на надлежниот службеник во Полициската управа во Задар, а против него е поднесена кривична пријава до надлежното Државно обвинителство во Задар.

Како што претходно беше објавено, злосторството се случило во станбена зграда во населбата Станови, каде што живеела жртвата. По убиството, соседите раскажаа дека редовно ја гледале 73-годишната жена, опишувајќи ја како тивка и љубезна личност.

Полицијата уште вчера потврди дека 73-годишната жена била пронајдена мртва во станот и дека 24-годишниот маж, затекнат на местото на настанот, бил приведен. Во соопштението објавено денес се потврдува дека тој е осомничен за нејзиното тешко убиство.

 

ИЗДВОЕНИ