среда, јули 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кривични за 4 деца и 5 родители за врсничкото насилство во Аеродром

Кривични за 4 деца и 5 родители за врсничкото насилство во Аеродром

4
Полицијата го расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, поднесена е кривична пријава против четири деца и пет родители. 12 годишното девојче беше тепано, навредувано и снимано со телефон, а снимката се рашири на социјалните мрежи. Се слушаше грозно навивање од врсниците кои наместо да го спречат уште повеќе го поттикнуваа насилството.
„ Поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторени кривични дела „поттикнување“ предвидено и казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторено кривично дело „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, како и против родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик, стои во соопштението на МВР

ИЗДВОЕНИ