среда, јули 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се издаваат под закуп две деловни простории во комплексите Спомен-костурница и Студена...

Се издаваат под закуп две деловни простории во комплексите Спомен-костурница и Студена Вода

17

Предлог-одлуките пред советниците ги образложи претставникот од Секторот за правни работи, Иван Ангеловски, кој кажа дека станува збор за деловна просторија во рамки на Спомен-костурницата, која се состои од сутерен со површина од 26 квадратни метри и приземје од 62 квадратни метри. Втората деловна просторија е со површина од 56 квадратни метри и се наоѓа на локалитетот Студена Вода. Ангеловски рече дека просториите ќе се издаваат по пат на електронско јавно наддавање, а предмет на јавното наддавање ќе бидат само објектите, без терените. Тој нагласи дека нема правни пречки за издавање на деловните простории

 

Советот на Општина Куманово донесе одлуки за давање согласност за издавање под закуп на две деловни простории во сопственост на Општината, лоцирани во комплексите Спомен-костурница и Студена Вода.

Просториите ќе се издаваат по пат на електронско јавно наддавање.

Предлог-одлуките пред советниците ги образложи претставникот од Секторот за правни работи, Иван Ангеловски, кој кажа дека станува збор за деловна просторија во рамките на Спомен-костурницата, која се состои од сутерен со површина од 26 квадратни метри и приземје од 62 квадратни метри. Втората деловна просторија е со површина од 56 квадратни метри и се наоѓа на локалитетот Студена Вода.

Советниците од опозицијата побараа објаснување дали објектите, кои беа реконструирани со европски средства, можат да се издаваат под закуп и дали предмет на закуп ќе бидат само деловните простории или и останатите содржини во комплексите.

Ангеловски одговори дека предмет на јавното наддавање ќе бидат само објектите, без терените.

– Согласно со процената, препорачаната намена е туристичко-информативен центар, административен простор, сувенирница, продажен простор, простор за организирање туристички и рекреативни активности, како и угостителски објект или кафе-бар – појасни Ангеловски.

Тој кажа дека нема правни пречки за издавање. Студена вода беше уредена со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој која одвои 8.168. 000, а Општина Куманово 3.160.000 денари. Просторот околу Спомен Костурницата се реализираше преку прекуграничен проект со Гњилане, насловен „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство во општините“, во износ од 477.000 евра.

Тој се однесуваше на изградба на игралишта, амфитеатар, трим-патеки и други содржини наменети за граѓаните на Спомен-костурницата. Во рамки на проектот беше поставена вештачка трева, заштитна ограда за фудбалски терен, нови клупи, и асфалтиран е нов паркинг-простор.

 

ИЗДВОЕНИ