петок, септември 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кривична пријава за две лица за убиството на 26-годишникот во Дуќанџик

Кривична пријава за две лица за убиството на 26-годишникот во Дуќанџик

17

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Р.К. и И.С., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 септември, околу 23:30 часот, кога од мотоцикл на кој се наоѓале две лица било пукано со огнено оружје кон група лица.

Во престрелката бил погоден А.М. (26) од Скопје. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, но подоцна им подлегнал на повредите.

Од МВР информираат дека по преземените мерки и активности случајот е расчистен, а против двете лица е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

ИЗДВОЕНИ