недела, јуни 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Kривичен суд: Обвинителство сѐ уште нема доставено мислење по жалбата на Стефан...

Kривичен суд: Обвинителство сѐ уште нема доставено мислење по жалбата на Стефан Богоев за притворот

18

Жалбата што ја поднесе поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за определување притвор сè уште не е доставена на одлучување до Кривичниот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот велат дека жалбата во петокот била проследена до надлежното обвинителство, но јавниот обвинител сè уште нема доставено мислење по истата.

„По однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот истата е доставена до обвинителството и јавниот обвинител сè уште нема дадено мислење. По комплетирање на списите, судија на претходна постапка предметот ќе го достави до Кривичниот совет на одлучување“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

Богоев е осомничен во истрагата што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а која се однесува на сомнежи за злоупотреби во постапка за јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали.

ИЗДВОЕНИ