Општина Крива Паланка денеска ја доби наградата за општинска извонредност на ЕУ4М (EUMEL).
Свеченото доделување на наградата се одржа вчера, во рамките на завршниот настан на ЕУ4М, во Националната опера и балет.
– Ова високо признание е доделено за извонредните резултати на Општината во областа на прекуграничната соработка, каде што Крива Паланка се издвојува со најголем број реализирани CBC-проекти во Република Северна Македонија, според податоците на keep.eu. – соопштија од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека наградата е потврда за визијата, посветеноста и за заедничката работа, што, како што велат, ја вложуваат за развој на заедницата.
– Горди на постигнатото, продолжуваме уште поодлучно кон нови успеси и европски вредности – заклучија општинските власти.












