понеделник, септември 28, 2026
Дома МАГАЗИН Кристијан Бејл гради село каде што згрижените деца можат да останат заедно

Кристијан Бејл гради село каде што згрижените деца можат да останат заедно

850
EPA/NEIL HALL

Проект вреден 22 милиони долари произлезе од една едноставна, но суштинска идеја: браќата и сестрите што влегуваат во системот за згрижување во семејство, не треба да бидат разделувани.

Во Палмдејл, Калифорнија, отворена е посебна заедница за згрижувачки семејства, иницирана од актерот Кристијан Бејл и неговата непрофитна организација „Together California“. Комплексот опфаќа 12 целосно опремени куќи со по три спални соби, како и две помали станбени единици наменети за млади луѓе кои го напуштаат системот за згрижување поради полнолетство. Исто така, содржи градини, заеднички простории и објекти дизајнирани за средби на децата со нивните биолошки родители.

Бејл лично работел на проектот со години, разговарајќи со агенции за заштита на децата и составувајќи тим од експерти за да ја претвори својата визија во модел за долгорочна грижа.

Актерот изјави дека неговиот пристап кон хуманитарната работа е обликуван од сопствените искуства како родител и од детството, во текот на кое учествувал во општествен активизам и протести заедно со својот татко.

Можеби Кристијан Бејл повеќе не е Бетмен, но очигледно сè уште верува дека привилегијата носи одговорност кон другите.

ИЗДВОЕНИ