Министерството за финансии објави Проспект за издавање нова емисија Граѓански обврзници. Станува збор за четврта емисија Граѓански обврзници коишто ќе бидат со рок на доспевање 2 години и каматна стапка од 4,6% годишно.
Граѓаските обврзници може да се запишат во филијалите на деловните банки во земјава до 1 декември 2026 година и да учествуваат на аукцијата која е закажана за 3 декември 2026 година.
Миниманиот износ што граѓаните може да го запишат е 10.000 денари, односно една граѓанска обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари.
Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2029 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2028 и за втората година на 11 декември 2029 година.
Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.
Ова значи ново задолжување на државата, овој пат кај граѓаните. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на својот Фејсбук профил објави пресметка според која, за 4 години државата ќе треба да исплати повеќе камати отколку за претходните 7 години на СДСМ и ДУИ.

-Каматите на државниот долг се поголем товар за буџето, тоа е тезата која опозицијата ја шири на расправата за Буџетот за 2027 година. И така е. Но да ги видиме бројките кои кажуваат се – пишува Стојаноски.
Имено, тој посочува дека во периодот 2017–2023, а тоа се седумте години од владеењето на СДСМ – ДУИ, дури 1,03 милијарди евра се за камати од претходни влади. Во периодот 2024–2027 (4 години од владеењето на ВМРО – ДПМНЕ), за камати се предвидени 1,36 милијарди евра за камати, според реализацијата и буџетските планови од претходни влади. Неговиот заклучок е дека за само 4 години, 32% повеќе камати отколку во претходните 7 години.
– Само во 2027 година, државата има предвидено обврски од 405 милиони евра за камати- 62 милиони евра повеќе од 2026 година, што е еквивалентно на 55,4% од планираниот буџетски дефицит. И ова се само каматите, без отплата на главнината. Затоа, кога зборуваме за државниот долг, не зборуваме само за бројки, туку за товарот врз буџетот и средствата што треба граѓаните да ги вратат – бидејќи некој некогаш ги земал, а за жал, не направил ништо – пишува Стојаноски во објавата.
(С.Бл.)












