Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска повтори дека не се исполнети предусловите за отворање мировни преговори со Киев, пренесе руската агенција Интерфакс.
„Милитаризацијата на Украина продолжува. Европските земји се обидуваат да најдат уште повеќе пари за купување оружје. Киевскиот режим ги продолжува своите терористички активности“, изјави Песков на редовната конференција за новинари.
Портпаролот на Кремљ го коментираше и повикот на американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски за енергетско примирје.
„Но ние, руската страна, остануваме отворени за мировни преговори“, додаде Песков, повторувајќи дека ставот на Русија не е променет кога станува збор за средба меѓу лидерите на Русија и Украина.
Песков повтори дека рускиот претседател Владимир Путин претходно изјавил оти Зеленски може да дојде во Москва доколку сака и дека би му биле обезбедени потребните безбедносни гаранции.
Песков додаде дека таква средба, која би се одржала „пред да се заврши работата на експертско ниво“, би била само губење време.












