Францускиот возач Исак Хаџар го продолжи договорот со Ред Бул до крајот на 2027 година. Од следната сезона, 22-годишниот Хаџар ќе биде дел од главниот тим на Ред Бул и ќе вози заедно со Макс Верстапен.

  • Навистина сум возбуден што ќе го продолжам партнерството со Ред Бул. Свесен сум за привилегијата да возам за ваков неверојатен тим, изјави Хаџар.

Французинот му се приклучи на јуниорскиот тим на Ред Бул во 2022 година, а потоа настапуваше во Формула 3 и Формула 2.

Во Формула 1 прво возеше за Рејсинг Булс, пред да добие шанса за промоција во главниот тим. Хаџар моментално е осми во генералниот пласман со 71 бод.

Следната трка е Големата награда на Азербејџан во Баку, која ќе се вози оваа сабота од 13:00 часот.

ИЗДВОЕНИ