четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Крај на нафтената криза? Иран има план за премин на бродови низ...

Крај на нафтената криза? Иран има план за премин на бродови низ Хормускиот Проток

364

Иран подготвува нов режим за навигација низ Хормускиот Проток, кој ќе ги дефинира правилата за воени и комерцијални бродови, како и одговорностите на државите и сопствениците на бродови, изјави иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гариб-Абади.

Гариб-Абади во изјава за „Спутник“ изјави дека предложениот протокол ќе опфати неколку аспекти, вклучувајќи процедури за премин на воени бродови, како и посебни услови за комерцијални бродови.

Според него, документот ќе содржи и одредби за одговорностите на крајбрежните држави, при што Иран и Оман ќе бидат одговорни за обезбедување безбеден и непречен премин низ Протокот.

Ќе бидат дефинирани и обврските на државите под чии знамиња пловат бродовите, како и нивните сопственици, вклучувајќи ги и можните такси за обезбедените услуги.

– Сите овие прашања сè уште се разгледуваат и, откако ќе се постигне договор со Оман, ќе биде издадено официјално соопштение. Прерано е да се зборува за специфични тарифи и можни трошоци, рече Гариб-Абади.

Иницијативата доаѓа по ескалацијата на конфликтот, откако САД и Израел започнаа напади врз цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран, на 28 февруари.

Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и американски воени објекти на Блискиот Исток.

ИЗДВОЕНИ