Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара официјално стави крај на својата професионална кариера на 34 години. Одлуката доаѓа по тешката борба со сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи рак на тестисите и миелоидна леукемија.

Полонара истакна дека не може да се врати на нивото на кое настапувал претходно и дека сака да биде запаметен по своите најдобри денови.

  • Се обидов да се вратам, но време е да престанам. Сакам да ме паметите каков што бев, порача тој.

Во емотивна објава, им се заблагодари на соиграчите, тренерите и медицинските тимови низ кариерата.

Инаку, настапуваше за повеќе клубови, меѓу кои Фенербахче, Анадолу Ефес и Жалгирис. Последниот ангажман му беше во Динамо Сасари, каде ја заврши кариерата.

Неговата приказна ќе остане пример за храброст и борба надвор од теренот.

ИЗДВОЕНИ