вторник, јуни 30, 2026
Дома СВЕТ Конфузија на релација Вашингтон – Техеран: Денеска важен состанок за Иран, или...

Конфузија на релација Вашингтон – Техеран: Денеска важен состанок за Иран, или можеби не!

1
EPA/SHAHZAIB AKBER

Додека американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека утре во Доха ќе се одржи состанок меѓу американски и ирански претставници, Техеран вели дека разговорите со САД не се закажани.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека состанокот во Доха за Иран, закажан за денеска, на кој ќе присуствуваат американски претставници, „можеби ќе биде важен, а можеби и нема да биде“.

– Средбата во Доха ќе биде важна, можеби нема да биде. Ќе дознаеме – изјави Трамп за новинарите во Овалната соба, пренесува CBS.

Порано денес, Трамп објави дека „Иран побарал состанок“ и дека тој ќе се одржи утре во Доха.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, претходно вчера објави дека состанок на високо ниво за Иран ќе се одржи денеска во Доха, а дека американската делегација ќе ја предводат американските специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека не се закажани разговори меѓу Иран и САД, додавајќи дека иранска техничка делегација ќе го посети Катар оваа недела, но дека тоа нема никаква врска со посетата на американските претставници на земјата.

„Техеран не започна преговори за конечен договор бидејќи бараат спроведување на одредени точки од Меморандумот за разбирање, што е приоритет на Иран во моментов“, додаде Багаеи.

ИЗДВОЕНИ