Путин: „Конфликтот со Украина би можел да заврши за месец, два – кога Украина ќе…“

1599
EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин денеска како гостин во ТВ емисија изјави дека конфликтот со Украина може да заврши за неколку месеци.

„Војната во Украина може да заврши за еден месец, два кога Украина ќе остане без пари“, рече Путин.

Тој, исто така, изрази подготвеност да назначи преговарачи за дијалог со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„При потпишување документи не смее да има ниту една грешка, сѐ мора да се усоврши“, рече Путин.

Претседателот на Русија потоа додаде дека Русија е подготвена да ги реализира своите интереси при евентуални преговори со Украина.

„Ова е многу сериозно прашање што треба да ја гарантира безбедноста и на Украина и на Русија. Се разбира, ќе се стремиме кон она што ни одговара, што е во наш интерес“, додаде тој.

Тој исто така рече дека украинскиот претседател нема право да ги прошири своите овластувања со закон.

ИЗДВОЕНИ