Во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп утре (21 август), во 20:00 часот, ќе се одржи концерт на класична музика на кој ќе настапи „Трио Долче“. Учесници се Светлана Богданоска-Ристеска на флејта, Андријана Дукоска на виолончело и Марија Шамоска-Буџаковски на пијано. Во рамките на програмата ќе бидат изведени дела на Пјацола, Вебер, Чајковски…
„Трио Долче“ е музички состав што е формиран во 2016 година. Aктивно концертира во многу градови низ нашата држава и во странство. Во изведувачкиот опус може да се најдат и се опфатени композиции од сите стилски епохи. Овој музички состав, во периодот јануари/февруари 2021 година, ја освои првата награда на меѓународниот уметнички фестивал во Италија – „Фјучр старс“, во категоријата Инструментална музика. Во септември 2021, ја освои втората награда, во категоријата Инструментална музика за камерни состави на меѓународниот музички натпревар во Москва, Русија. Во декември таа година, ја освои првата награда на онлајн натпреварот „Прометеј“, во категоријата Инструментална музика.
Концертот е со поддршка на Министерството за култура и туризам.












