недела, септември 20, 2026
Дома СКОПСКА Концерт на Рона Нишлиу за ноемвриските празници во Чаир

Концерт на Рона Нишлиу за ноемвриските празници во Чаир

8

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, вчера оствари средба со познатата албанска пејачка Рона Нишлиу, која престојуваше во Скопје, во рамките на подготовките за концертот што ќе се одржи по повод ноемвриските празници.

Од Општина Чаир соопштија дека ќе биде организиран концертот во рамките на културните активности на Општина Чаир и ќе биде дел од програмата посветена на ноемвриските празници, албанските историја и култура.

– Средбите со уметниците секогаш се инспиративни, но кога се дел од подготовките за настан посветен на ноемвриските празници, нашите историја и култура, тие добиваат уште поголемо значење. Со Рона Нишлиу се подготвуваме за една посебна вечер, исполнета со музика, култура и атмосфера што ја носат ноемвриските празници во Чаир – изјави Меџити.

Деталите за датумот, локацијата и за програмата на концертот ќе бидат дополнително објавени.

ИЗДВОЕНИ